- Генерални одредби
Со регистрација, односно со внесување на Вашaта e-mail адреса во делот за Побарај понуда, Вие („Вие”, „крајниот корисник”, „Вас”) се согласувате со Условите на употреба дефинирани подолу. Со овие услови за користење се дефинираат праватa и обврските за користење на веб-страницата https://gdpr.mk/. Веб-страницата https://gdpr.mk/ е сопственост на компанијата ДИФФЕРЕНТ ДООЕЛ Скопје, во понатамошниот текст („ДИФФЕРЕНТ”).
ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА ПРЕСТАНЕТЕ ДА JA КОРИСИТЕ ВЕБ СТРАНИЦАТА https://gdpr.mk/, НЕ ВРШЕТЕ РЕГИСТРАЦИЈА ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА И НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА АКТИВНОСТ ДОСТАПНА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА.
Дифферент овозможува онлајн услуга преку веб страницата https://gdpr.mk/ преку формулар со барање за поднесување на понуда.
Водејќи сметка за ненарушување на загарантираните права на корисниците, сите понуди на страницата можат да се променат во било кое време без претходно известување. Дифферент го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на веб страницата на било кое физичко лице или правно лице во било кое време поради сопствени причини, коишто ги смета за оправдани.
Правото на користење на веб станицата https://gdpr.mk/, остварено со процесот на регистрација за барање на понуда, е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице.
Корисникот мора да е свесен дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Дифферент и Дифферент не сноси одговорност за губење на податоци настанати при пренос на информациите преку Интернет. Иако целта на Дифферент е веб страницата https://gdpr.mk/ да биде достапнa 100% од времето, страницата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања.
Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на Интернет и сите поврзани трошоци. Дифферент не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник кои можат да произлезат со користењето на Интернет и го задржува правото во секое време да промени или прекине било кој аспект или функција на страницата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опремата потребна за пристап или употреба на страницата.
Сите материјали содржани на веб страницата https://gdpr.mk/ се ексклузивно право на Дифферент. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на оваа веб-страна без изречна писмена согласност на Дифферент е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршување на општите услови на употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.
Дифферент го задржува правото во било кое време да го измени или прекине било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политика на приватност.
Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да го смета одговорен Дифферент, против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на веб-страната од крајниот корисник.
Дополнителни услови на употреба:
Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација за барање на понуда, Вие исто така се согласувате и со нашата Политика на приватност, лоцирана на следниот линк: Политика на приватност
- Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на веб страницата мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вие не се придржувате на Условите на употреба го задржуваме правото да Ви го ограничиме пристапот до веб страницата.
Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите преку веб страницата https://gdpr.mk/, на неговиот сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои се содржани и објавени на веб станицата https://gdpr.mk/.